logo
logo
logo

Николоски: Јасна е целта зошто се одело преку фантом фирма за набавување вакцини

Vecer | 11.03.2021

Николоски: Јасна е целта зошто се одело преку фантом фирма за набавување вакцини

Во трка по ПРОВИЗИИ се губат човечки животи. Во прилог две писма кои се доказ дека се одело преку ФАНТОМ ФИРМА. Целта е јасна зошто се одело преку фантом фирма, а не директно до производителот. АЛЧНОСТА чини човечки животи, пишува на својата Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме целата реакција на Николоски, откако утринава италијанскиот весник „Ла Верита“ ги објави двете писма од министерот за здравство Венко Филипче каде што се фаворизира фантом фирмата ,,Starbi International”:

-Скандалот со набавка на вакцини продолжува.

Во трка по ПРОВИЗИИ се губат човечки животи. Во прилог две писма кои се доказ дека се одело преку ФАНТОМ ФИРМА. Целта е јасна зошто се одело преку фантом фирма, а не директно до производителот. АЛЧНОСТА чини човечки животи.

Писмата на Филипче до Пекинг, оделе строго преку фантом фирмата ,,Starbi International” во Хонг Конг и во декември 2020 и во јануари 2021, а фирмата не се знае ни колку вработени има, доколку ги има воопшто, фирмата исто така според регистарот нема медицинско ниту фармацевтско портфолио. Случајно или не, фантом фирмата Starbi е регистрирана во 2017г, само 5 месеци по формирањето на владата на Заев, пишува Николоски во својата објава.

Скандалот со набавка на вакцини продолжува. Во трка по ПРОВИЗИИ се губат човечки животи. Во прилог две писма кои се...

Posted by Aleksandar Nikoloski on Thursday, March 11, 2021

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk