logo
logo
logo

Николоски го прати Таравари по Бурек: АА вознемирени од неговиот настап!

Vecer | 29.01.2023

Николоски го прати Таравари по Бурек: АА вознемирени од неговиот настап!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски повторно ја вознемири Алијанса на Албанците и нивниот лидер Арбен Таравари кои веќе подолго време преговара за влез на неговата партија во владејачката коалиција. Одговарајќи на новинарско прашање за изјавите и постапките на претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, истакна дека за жал од изјавите на Таравари не може да се извлечи заклучок и дека тезата дека АА влегува во владата за да се обезбеди уставно мнозинство од 80 пратеници е смешна, бидејќи сите се свесни дека такво мнозинство нема. Таравари вчера рече дека нема да влезе во владата за Министерство за бурек, на што Николоски одговори:
-Јас овој Арбен Таравари не го препознавам, познавам еден друг Арбен Таавари и навистина ми е жал што го гледам во вакво издание. Прво не можеме да извлечеме заклучок од изјавите. Не само што ги менува секој ден, туку и во едно исто интервју или изјава она што ќе го каже во првата минута, самиот го демантира во втората или третата. Една од најсмешните тези е дека влегувал во владата за обезбедување на уставно мнозинство од 80 пратеници, иако сите се свесни дека такво уставно мнозинство нема. Мислам дека сака да влезе во владата заради математика. Е сега математиката дали е бурек или нешто друго, треба самиот да одговори и да каже, но јасно е дека сакаат да влезат во владата заради математика. На крај тоа е нивна одлука или негова одлука. Можеби е уценет, има и такви работи кои што се слушаат во политичката чаршија, но јас не би сакал да шпекулирам повеќе од ова“ истакна Николоски.
Видно вознемирени, попладнево реагираа од Алијанса за Албанците.
-Ги повикуваме Николовски и другите како него да се отрезнат и да размислат, бидејќи лидер на македонската опозиција според анкетите на ИРИ е Никола Груевски, тоа се должи на нереформираната партија во нејзината идеологија и кадровско управување и ова е срам за Македонската политичка сцена. Вие сте исто така виновници за изолацијата на земјата овие 10 години, правејќи ја неиздржлива за живеење и за над 700.000 раселени луѓе. За среќа, вашата реторика замина во азил и со овој пристап останувате фактор на нестабилност за Северна Македонија. Не го хранете македонскиот граѓанин со поезија, барајте помош за да излезете од калта во која ве потона Левица, велат од Алијанса.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk