logo
logo
logo

Николоски: Државата е окупирана од нарко дилери и урнат правен систем

Vecer | 07.04.2021

Николоски: Државата е окупирана од нарко дилери и урнат правен систем

На прес конференција потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски ги побиваше тврдењата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека МВР две години имале истрага за издавање македонски пасоши со лажен идентитет на водачи на нарко картели од Црна Гора и Албанија.

Тој објави нови докази за вакви пасоши, овојпат за водач на албански нарко картел Флоран Мусај кој во 2019-та добил македонски пасош со лажно име Наум Фило.

Николоски објави докази и посочи јавни написи и за два други случаи каде на нарко дилери и убијци од регионот им се дадени македонски пасоши со лажен идентитет.

Поставени се прашања до МВР зошто МВР не преземало никаква акција иако во медиумите во 2019-та, 2020-та и 2021-ва јавно беа објавувани податоци и докази дека лица од нарко бизнисот имаат македонски пасоши со лажен идентитет.

Не објавил прв Христијан Мицкоски податоци за ваквите пасоши и, според министеропт Оливер Спасовски ја уривал акцијата на полицијата и истрагата против оваа појава, туку слики и документи за вакви пасоши се објавуваат три години низ медиуми во Македонија но, и во држави од регионот. Ниту еднаш во тие три годни полицијата нема преземено акција против сторителите во постапката на издавање македонски пасоши на криминалци со лажен идентитет.

Дека со полицијата нешто не е во ред, и дека во полицијата постојат масовно соработници со нарко дилерите не само за издавање пасоши, покажа и шефицата на Организиран криминал при ЈО Вилма Рускоска која води истрага за соработници на нарко дилерите од полицијата кои уривале акции на ЈО за нивно апсење.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk