logo
logo
logo

Николоски: Доказ дека изминативе години владата на Заев се мешаше во судските одлуки е договорот со Гаши

Vecer | 08.12.2021

Николоски: Доказ дека изминативе години владата на Заев се мешаше во судските одлуки е договорот со Гаши

-Така што мешањето на една од овие власти во случајот извршната врз судската е нарушување на уставниот поредок на Република Македонија и тоа е апсолутно неприфатливо. Дополнително ова само потврдува дека години наназад има влијание врз судството и обвинителството, нешто за што ние долго го зборуваме и го потенцираме и сега го потврдуваат со еден коалиционен договор, додаде тој.

Николоски додаде дека ако граѓаните се прашуваат зошто има толкава скепса во ЕУ во однос на определување на датум за почеток на преговори на Македонија, и треба тука сите да се реални и отворени дека тука никој не прави сериозен притисок врз Бугарија да се откаже од неразумните барања тука е одговорот зошто од ЕУ не се трудат Македонија да добие датум за почеток на преговори.

-Дури и се оди дотаму што ќе барале од ЕК да се замеша, што секако нема да се случи затоа што последна работа што ќе ја направи ЕК е да се меша во судски одлуки, затоа што овој систем на поделба на власти е европска поделба на власти. А, ЕК во превод значи Влада на ЕУ. Така што Владата во Македонија не може да се меша во судовите, така и Владата во Европа не се меша во судовите, нагласи Николоски.

Николоски посочи дека во Македонија има еден нефункционален систем затоа што нема владеење на правото и затоа што има корупција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk