logo
logo
logo

Николоски: Доказ дека владата на Заев се мешаше во судските одлуки е договорот со Гаши

Vecer | 08.12.2021

Николоски: Доказ дека владата на Заев се мешаше во судските одлуки е договорот со Гаши

„Неприфатливо е, не може во судството да се меша извршаната власт, всушност затоа постои т.н. поделба на властите на законодавна – Собранието, извршната – Владата и судската тука се судовите и обвинителствата. Така што мешањето на една од овие власти во случајот извршната врз судската е нарушување на уставниот поредок на Република Македонија и тоа е апсолутно неприфатливо. Дополнително ова само потврдува дека години наназад има влијание врз  судството и обвинителството, нешто за што ние долго го зборуваме и го потенцираме и сега го потврдуваат со еден коалиционен договор“,истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во централниот дневник на Сител телевизија говорејќи за договорот на Заев и Гаши и реотворање на судски случаи.

Николоски додаде дека ако граѓаните се прашуваат зошто има толкава скепса во ЕУ во однос на определување на датум за почеток на преговори на Македонија, и треба тука сите да се реални и отворени дека тука никој не прави сериозен притисок врз Бугарија да се откаже од неразумните барања тука е одговорот зошто од ЕУ не се трудат Македонија да добие датум за почеток на преговори.

„Дури и  се оди дотаму што ќе барале од ЕК да се замеша, што секако нема да се случи затоа што последна работа што ќе ја направи ЕК е да се меша во судски одлуки, затоа што овој систем на поделба на власти е европска поделба на власти. А, ЕК во превод значи Влада на ЕУ. Така што Владата во Македонија не може да се меша во судовите, така и Владата во Европа не се меша во судовите“, нагласи Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk