logo
logo
logo

Николоски до вработените во МВР: Кој има сознанија за други фалсификувани пасоши а се плаши , нека ги достави на адресата на ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 09.04.2021

Николоски до вработените во МВР: Кој има сознанија за други фалсификувани пасоши а се плаши , нека ги достави на адресата на ВМРО-ДПМНЕ

Во вечерашното издание на дебатната емисија "Јади бурек" кај Јанко Илковски на ТВ Сонце гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој се осврна на моменталните политички случувања, како и на актуелната афера "Мафија" која изминатите неколку дена се прикажа на македонската јавност.

Николоски потенцираше дека бројот на пасоши кои биле издадени на криминалци и убијци засега изнесува околу 215 пасоши, но тоа не значи дека можеби ги нема уште повеќе и дека бројот на издадени пасоши не достигнува и 2000 пасоши. Тој додава дека овој случај мора да се обзнани во целост и да се расчисти до неговата основа, односно од зачетокот.

"Можеби има уште пасоши кои што биле издавани на сличен начин. Доколку вработените во МВР кои со чесна намера сакаат тоа да го спречат, имаат било какви сознанија за издадени пасоши, а се плашат јавно да говорат за тоа, нека ги достават до ВМРО-ДПМНЕ, а потоа ние ќе ги обзнаниме исто како и овие. Не смееме да се плашиме, туку мораме заеднички да се избориме да расчистиме со мафијата во државата, од мафијашката власт, па се до овие мафијаши кои земале македонски пасоши", истакна Николоски.

ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање на сите граѓани или пак припадници на МВР кои знаат нешто поврзано со овој случај. Објавувањето на овие матни работи и зделки на власта ќе продолжат и во иднина, а нивниот интензитет ќе расте со секој нов случај, кој верувајте дека сигурно го има, а македонската јавност ќе има шанса како и досега се да дознава од прва рака. Нема да престанеме во борбата против криминалот, заврши Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk