Денеска во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски, во врска со инфраструктурата и  изградбата на автопати и остана проекти овие четири години, истакна дека состојбата со автопатите и големите проекти низ Македонија како автопатот Кичево-Охрид, пат до Струмица, Градско-Прилеп, автопат од Струга до албанска граница, затворен базен, болница во Охрид, и многу големи проекти Заев со доаѓањето на власт ги сопре, нема никакво вложување во инфраструктурата со оваа неспособна власт која не става ни камен, а камо ли да гради автопат.

Целиот тој крај во Југозападна Македонија е во катастрофална состојба, почна да се гради автопат, јас додека бев пратеник од Охрид, сум многу горд што излобирав да се гради таа делница од Охрид до Кичево, сега треба само да се спои Кичево со Гостивар и да се има целосно автопатско решение. Тој автопат почна да се гради во 2014 година, во 2018 година кога стана Зоран Заев премиер беше запрен и еве четири години подоцна тој автопат не се гради, и ај што не се гради туку и магистралниот пат којшто постоеше се уништи и не се санира, и во моментов е невозможно да се стигне до Охрид, буквално е невозможно, нема пат до Охрид, критикуваше Николоски.

Тој вели дека ова власт е крајно неспособна затоа што камен не знае да стави камо ли да води големи проекти како изградба на автопати.

Има готова и изградена костозглобна болница каде што треба само да отидат и да отклучат, и да има најмодерна болница во целиот регион, не ја отклучуваат, базен затворен почна да се гради во Охрид, кај што застана кога дојде Зоран Заев, таму е денес, автопатско решение имаше готово кој Пештани го скратија, од Струга требаше да се гради автопат до албанска граница Ќафасан истото се скрати, да не зборуваме за крупни проекти како железничко поврзување од Кичево кон Охрид Струга и Албанија, ако економски се зумира целиот регион туризмот воопшто не беше подржан, има три големи странски инвестиции од кои жувурка населението таму, кое има главна преокупација како да се исели, вели Николоски.

Тој критикуваше дека не само во овој регион туку истото е и во Источна Македонија, како не се нервира Зоран Заев кој четири години не може патот за дома да го заврши, до Струмица, а народот очекува да прави патишта низ државата, исто како патот Градско-Прилеп кој почна да го гради исто ВМРО-ДПМНЕ, кој исто го запреа во 2018 година, вели Николоски.