logo
logo
logo

Николоски: Бугарските барања континуирано растат и се прифаќаат заради желбата за власт и наивната дипломатија на владата на СДСМ и ДУИ

Vecer | 11.08.2022

Николоски: Бугарските барања континуирано растат и се прифаќаат заради желбата за власт и наивната дипломатија на владата на СДСМ и ДУИ

Откако е ова влада на СДСМ и ДУИ, бугарските барања континуирано растат и тие за жал се прифаќаат од страна на оваа влада, надевајќи се на тој начин дека ќе останат ден повеќе на власт, а за жал само го продолжуваат криминалот кој што се случува, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Жешко политичко лето“ на Канал 5. Николоски истакна дека она што го гледаме од бугарска страна е дека нема крај на нивните барања, се работи за една 150 годишна стратегија, која што е многу јасна, а тоа е дека Бугарија смета дека само случајно на својата западна граница граничи со народ ист како бугарскиот и со народ кој зборува јазик кој е дијалект на бугарскиот јазик. - Односно Бугарија смета дека граничи со самата себе. Во такви услови да има ваква наивност на македонската дипломатија кажува или желба за власт или тотален аматеризам. Од владата велеа дека Протоколот нема да е дел од преговарачката рамка, иако во неа јасно пишува дека протоколот е дел од преговарачката рамка. Во него има преку 20 страни обврски за Македонија. Бугарија ќе има сопствено толкување на тие обврски од Протоколот кој го потпиша Бујар Османи и сега имаат полно право да бараат реализација на свој начин, рече Николоски. Тој потенцираше дека ќе гледаме барања за менување на учебници по историја и географија, барање за промена на натписи и табли пред споменици, притисок да се менуваат наставни програми и да се карактеризира македонскиот народ како народ кој нема историја, а македонскиот јазик како бугарски дијалект и дека не гледаме што е тоа што Бугарија се обврза да го направи. - На пример еве јас сум во Совет на Европа, 14 пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, сите се однесуваат на малцинските и јазичните права на Македонците во Бугарија, но Бугарија нема спроведено ниедна пресуда. Не гледам дека владата на СДСМ ДУИ врши притисок да се реализира барем една од овие 14 пресуди. Не го гледаме реципроцитетот, кога од Македонија се бараат 100 работи, а од Бугарија ниедна. Од Македонија се бара да се избрише самата себе, а Бугарија да биде таа која ќе наметнува услови, нагласи Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk