logo
logo
logo

Николоски: Бугарија има најлошо досие во Европскиот суд за човекови права, не ги реализира пресудите за малцински права

Vecer | 28.01.2022

Николоски: Бугарија има најлошо досие во Европскиот суд за човекови права, не ги реализира пресудите за малцински права

„Клучно е прашањето околу суштината во однос на формата, тоа се веројатно и лични пристапи. Борисов имаше еден подиректен настап каде што, што би рекол народот – што на ум то на друм, значи генерално ги кажуваше работите онака како што ги мислеше за разлика од новиот премиер кој што и по карактер е различен и тоа го преточува и во сопствената политика. Но, прашањето е кога ќе се дојде до суштината за тоа што се уште ова е само форма и само обланда, а суштината за нас како народ е значајна“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Трилинг“ на 24 телевизија. Николоски додаде дека кога ќе се отворат тие прашања кои што се уште не се отворени од новиот премиер на Бугарија е тогаш ќе се дојде и ќе се види суштината. „За мене е клучно прашањето каде е Радев во оваа приказна, затоа што е факт дека е тој „носител“ на целокупниот овој бугарски проект. Дали тој ќе се држи на страна, во што помалку верувам, или позади сцената ќе ги движи работите во што повеќе верувам. Имајќи в предвид дека најголем дел од министрите во новата бугарска Влада вклучувајќи го и премиерот и вториот човек на Владата беа негови предлози во техничките односно времените влади кои што скоро цела година ги имаше Бугарија“, рече Николоски. Николоски посочи дека јавноста не смее да заборави дека ова со Бугарија што се случува го отвори самата таа земја, не го отвори Македонија. „Нема Македонија проблем со Бугарија има Бугарија проблем со Македонија. Ај, да бидеме подиректни немаат Македонците проблем со Бугарите, имаат проблем Бугарите со Македонците“, рече Николоски. Николоски појасни дека Македонија има повисока цел, а тоа е почеток на преговори со ЕУ. „Но, кога се разговара за ова прашање, мора да има некој начин на рамноправност, особено во спор кој што по мене е измислен вештачки и ние на ниеден начин не сме го предизвикале ниту како народ, а ниту пак како држава. Ако принципиелно Бугарија отвора некои прашања мора и ние да отвориме прашања. На пример, нема во Македонија во моментов активни пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во однос на непочитување на права на Бугарите во Македонија. Меѓутоа има преку 10 активни пресуди во Европскиот суд за човекови права во Стразбур во однос на непочитување на права на Македонците во Бугарија. Обврска на Бугарија како земја членка на Советот на Европа е да ги реализира овие пресуди. Бугарија не ги реализира“, нагласи Николоски. Николоски рече дека тој е член на поткомитетот за реализација на пресудите на Европскиот суд за човекови права и може да каже дека Бугарија има најлошо досие во рамки на Совет на Европа. Исто така од Бугарија многу срамежливо но и гласно споменуваат отворање на Уставот и донесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk