logo
logo
logo

Николоски: АФЕРА ЗА ИЗНУДА НА 250.000 ЕВРА, со Македонија владее мафија!

Vecer | 26.05.2021

Николоски: АФЕРА ЗА ИЗНУДА НА 250.000 ЕВРА, со Македонија владее мафија!

Нов скандал во кој преку изнуда -рекет се бараат 250 000 евра, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за денешната афера која на брифинг ја објави лидерот на партијата Мицкоски, во која според нив има вмешаност на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев.

- Оваа афера која ја обелодени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е уште еден доказ за криминалот и корупцијата на власта, за тоа дека само мислат на рекетирање и криминал и дека со Македонија владее МАФИЈА!, напиша Николоски

Според информациите од опозициската партија обелоденета пред новинари на неформален состанок од нејзиниот претседател Христијан Мицкоски, во 2018 година, РЕК Битола отворил постапка за јавна набавка за ископувања. Тендерот го добила компанијата Рубитон, чиј сопственик подоцна пријавил во Секторот за спречување на организирана корупција во МВР. Според неговото тврдење, велат од ВМРО, тогашниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, побарал од победничката компанија да се откаже од тендерот и да ѝ го даде на компанијата „СВ Инвест“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk