logo
logo
logo

Николиќ: Сите професионални војници со наполнети 45 години ќе бидат згрижени

Vecer | 07.03.2021

Николиќ: Сите професионални војници со наполнети 45 години ќе бидат згрижени

Министерството за одбрана останува посветено на својот приоритет за решавање на прашањето на професионалните војници со наполнети 45 години. Оваа грижа и овој приоритет ќе биде решеван и понатаму како и досега, изјави денеска државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ. Тој потенцира дека ниту еден професионален војник со наполнети 45 години нема да остане незгрижен, а неговиот статус нерешен.

Тој потсети дека дека на 1 февруари 2021 година беше објавен проектот за решавањето на професионалните војници.

-Отвораме нови можности преку пополнување на противпожарната територијална единица низ целата држава. Тој проект продолжува и годинава и ве уверувам дека ниту еден професионален војник со наполнети 45 години нема да остане незгрижен и нерешен во неговиот статус во однос на втората кариера, рече Николиќ.

Тој напомена дека сите активности поврзани со статусот и прашањето за професионалните војници со наполнети 45 години возраст е поздравен од синдикатите во Министерството за одбрана и сите активности, како што рече, ги водиме транспарентно. Потсети и на законските измени кои се во завршна фаза во Собранието и додаде оти се отвора нова можност за решавање на статусот на професионалните војници преку изборот што ќе го имаат сами, а тоа е околу отпремнината и продолжување на нивната втора кариера во органите на државна упарава и органите на локална самоуправа.

-Апелирам Собранието час поскоро да ги изгласа овие законски измени и со тоа да им се овозможи на професионалните војници да можат да имаат и дополнителна опција, изјави Николиќ.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk