ВЛАДАТА ОПТИМИСТ ДЕКА НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЌЕ РАБОТИ НА ПОТПОЛНУВАЊЕ НА ПРАЗНИТЕ АМБАСАДОРСКИ МЕСТА

Никола Димитров, амбасадор во Хаг!?


Плановите на Владата се откако конечно ќе заврши закочената процедура за разрешување на амбасадорката во ова дипломатско претставништво да се започне со процедура за назначување на нов амбасадор - Никола Димитров. Тие се надеваат дека со изборот на нов претседател празните амбасадорски места ќе бидат потполнети

Никола Димитров повторно ќе стане амбасадор. Извори од Владата посочуваат дека наскоро по изборите тие ќе го предложат Димитров за амбасадор во Хаг. Дали Димитров ќе замине во Холандија или не, ќе зависи од волјата на идниот претседател. Сепак, плановите на Владата се откако конечно ќе заврши закочената процедура за разрешување на амбасадорката во ова дипломатско претставништво, Добринка Тасковска, да се започне со процедура за назначување на нов амбасадор - Никола Димитров. Тие се надеваат дека со изборот на нов претседател празните амбасадорски места ќе бидат потполнети. Нашите извори посочуваат дека Владата е согласна дека најдобро решение за оваа амбасада е токму Димитров, пред се поради тоа што тој ја застапува Македонија во спорот со Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Откако Македонија поднесе тужба против Грција со која бара Судот формално да потврди дека Грција го прекршила ставот 1 од членот 11 од времената спогодба со блокирањето на членството на земјава во НАТО Алијасната, Димитров кој претходно беше преговарач во спорот со Грција беше назначен за застапник на македонската страна. Сега, неофицијално тој ќе биде и амбасдор во Хаг.

Димитров зад себе има големо дипломатска искуство. Прво работеше како заменик-министер за надворешни работи, за потоа да биде назначен за амбасадор на Македонија во Вашингтон. Работеше како советник за НАТО, а потоа беше и македонски преговарач во спорот помеѓу Макеоднија и Грција за името на нашата земја. Сега тој се уште ја советува Владата за НАТО аспирациите, но откако беше повлечен од преговарачкиот тим, беше назначен за застапник на македонската страна пред судот во Хаг.

Кој треба да седи во амбасадорската фотелја во Хаг е прашање на кое нема одговор веќе две години. Тасковска беше повикана на консултации во Скопје, а од тогаш воопшто не се врати назад. Во ноември 2007 година Владата донесе одлука да ја отповика амбасадорката од Хаг, Добринка Тасковска. Но на ваквата одлука на Владата, претседателот Бранко Црвенковски се уште нема дадено согласност. Во меѓувреме во Хаг е испратена Шпреса Јусуфи како вршител на работите. Со тоа македонската амбасада во Хаг има и амбасадор и вршител на работите. Во Владата обвинија дека Црвенковски одбива да ја потпише одлуката за отповикување на Тасковска, а од Кабинетот пак последен пат изјавија дека тие немаат добиено барање за нејзино отповикување. На постапката за отповикување и претходеше тепачка во амбасадата во Хаг, меѓу Тасковска и еден од вработените поради гарантни писма.

(Б.З.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари