logo
logo
logo

Никнати дивоградби на Шар Планина, ЌЕ СЕ ГЛЕДА ДА СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ, ДУРИ И ДА СЕ НАМЕНАТ ВО ТУРИСТИЧКИ

Vecer | 31.05.2023

Никнати дивоградби на Шар Планина, ЌЕ СЕ ГЛЕДА ДА СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ, ДУРИ И ДА СЕ НАМЕНАТ ВО ТУРИСТИЧКИ

Националната установа Шар Планина има евидентирано околу 700 објекти на планинското подрачје надвор од шарпланинските села. Поголем дел од нив се изградени на диво и во тек се подготовки за нивна легализација. Дел од објектите потоа се планира да се пренаменат за туризам.

„Ја реализиравме првата фаза, а тоа значи евиденција на сите објекти кои се на Шара со плус минус еден отсто, но бројката е дека на Шара има околу 700 објекти, надвор од населените места. За тие објекти се разговара и ќе се отворат дискусии со сите седум општини чија територија е и на Шара, за да видиме кои од тие објекти ќе можат да се легализираат, односно ќе ги исполнат условите за легализација. Некои објекти се и од поранешна Југославија, некои се и сега градени. Откако ќе завршиме со оваа фаза, следува третата фаза, а тоа се разговори со сопственици на тие објекти, да видиме дали некои објекти ќе може да се пренаменат за туризам. Откако ќе се заврши и таа фаза, ќе се подготви пакет со туристичка промоција“, рече Ибрахим Дехари директор на НП Шар Планина.

Кои објекти нема да ги исполнат условите за легализација и дали ќе се уриваат ние нема да одлучуваме, за тоа се надлежни други институции, додава Дехари.

„Освен контрола врз објектите, ние како НП Шар Планина ќе го контролираме и движењето на моторните возила на Шара. Ќе се постават табли во кои точно е обележано каде моторните возила смеат да се движат. Во одредени зони и не е дозволено да се возат. Навиката е таква што луѓето оделе каде сакаат со моторните возила. Овие табли ќе се обидеме да ги поставиме пред сите влезови на Шара. Од самите табли ќе може да се скенира бар-код и да се види каде е дозволено да се движиш со моторни возила. За возилата кои загадуваат ќе има наплата за влез во Националниот парк, но тие што живеат во шарпланинските села нема да плаќаат“, рече директорот на НП Шар Планина Ибрахим Дехари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk