logo
logo
logo

Независен.мк: Гаф на Османи, на пописот има графа „Бугари„

Vecer | 03.03.2021

Независен.мк: Гаф на Османи, на пописот има графа „Бугари„

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утрово ги повика преставниците на бугарското малцинство во земјава да се јават во надлежните институции и да побараат графа за нив – „Бугари“.

Станува збор за гаф на министерот бидејќи во апликацијата за сегашниот попис таква графа има, а според информации од Заводот за статистика, таква графа секогаш имало, пишува Независен.

Министерот очигледно не сака да сфати дека во случајов не станува збор за нарушени права на бугарската заедница во Македонија туку за отворен притисок од надвор нашите граѓани да се изјаснуваат што повеќе како Бугари.

Според весникот Независен, министерот Османи е единствениот што досега не ги осуди бугарските мешања во Македонија што може да е стратегија на владата (во смисла некој е добар кон Софија некој лош), но тоа го наметнува прашањето – дали тој може да се носи со овој спор воопшто и дали разбира воопшто каков одек има во јавноста?

Неодамна Османи во интервју најави дека преговорите со Бугарија може да донесат решенија кои може да ќе бидат болни и непопуларни, но времето ќе покажело дека тоа е во интерес на државата.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk