Нетпрес: Џип на МВР со четири девојки лета по грчките патишта? (ВИДЕО+ФОТО)

Редакцијата на НетПрес на почетокот од штотуку започнатиот викенд доби видео и фото материјал проследен со информацијата дека во соседна Грција е забележано луксузно теренско возило кое е сопственост на Министерството за внатрешни работи, но кое што се користи во приватни цели.

Имено, според неофицијалните сознанија на Нетпрес, теренецот „Ренџ Ровер Дискавери Спорт" со регистерски таблички СК-9559-АЛ, во моментов во Грција го користат четири млади девојки кои летуваат во популарниот камп „Евридки".

Нетпрес засега не може да потврди дали девојките сами управуваат со службеното возило или, пак, ги вози службен возач од министерството.

За веродостојаност на информацијата, односно за евентуалната злоупотреба, НетПрес побарале официјални информации од МВР: Имено дали луксузниот џип „Ренд Ровер Дискавери Спорт" со регистрација СК-9559-АЛ е возило на Министерството за внатрешни работи? Дали во МВР знаат каде е возилото во моментов? И дали смее член на семејство на вработен во МВР кој е задолжен со службено возило да го управува истото?

Од службата за односи со јавноста при МВР било одговорено дека прашањата ќе бидат проследени до надлежните и доплнително ќе биде одговорено.

Извор: Нетпрес

Поврзани

Најнови вести

Коментари