logo
logo
logo

(Не)Солидарност на дело: Македонија НЕ е меѓу земјите кои ќе добијат помош од пакетот на ЕУ!

Vecer | 11.03.2021

(Не)Солидарност на дело: Македонија НЕ е меѓу земјите кои ќе добијат помош од пакетот на ЕУ!

Меѓу земјите опфатени со пакетот финансиска помош од околу 530 милиони евра како дополнителна поддршка во рамките на Солидарниот фонд на ЕУ не е опфатена Македонија.

Информацијата ја објави и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен на Твитер и напиша „Солидарноста на ЕУ на дело“, набројувајќи ги земјите кои ќе бидат опфатени со овој пакет, меѓу кои и Србија, Црна Гора и Албанија.

Со предлогот на Европската комисија се опфатени 17 земји членки и 3 земји кандидати, односноАвстрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Естонија, Франција, германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Португалија, Романија и Шпанија, плус Албанија, Црна Гора и Србија.

Како што стои во соопштението од Европската комисија, средствата кои треба да ги добијат се поддршка на нивните јавни трошоци за медицинска и лична заштитна опрема, итна поддршка за населението и мерките за превенција, мониторинг и ширење на коронавирусот.

„Солидарниот фонд на ЕУ е конкретна демонстрација на европската солидарност на дело. Од неговото формирање испорачана е ефективна помош за милиони луѓе во овие тешки времиња. Сега предлагаме мобилизација на неопходна финансиска помош што за борба против коринавирусот. Солидарниот фонд уште еднаш ја остварува својата главна мисија“, изјави Елиса Фереира, комесарка за кохезија и реформи.

Финансиската помош предложена од Европската комисија треба да биде одобрена и од Европскиот парламент и од Советот, а потоа распределена на 20-те земји.

Инаку, од земјите кандидати Србија треба да добие речиси 12 милиони евра, Црна Гора скоро 200 илјади евра, а Албанија 900 илјади евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk