logo
logo
logo

НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ ОД ВАКЦИНАЦИЈА ќе може да се пријават ЕЛЕКТРОНСКИ

Vecer | 06.12.2022

НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ ОД ВАКЦИНАЦИЈА ќе може да се пријават ЕЛЕКТРОНСКИ

Министерството за здравство воведе модул преку кој електронски ќе можат да се пријават несаканите ефекти од вакцинацијата, информираше денеска Жаклина Чагороска од Националниот електронски систем „Мој термин“.

На денешниот брифинг поврзан со прашања за набавка, чување и пристап до информации за вакцините, во организација на Македонскиот институт за медиуми и УНИЦЕФ, Чаргоска истакна дека со помош на меѓународните организации во земјата е направен овој модул, а веќе е одржана и едукација за лекарите.

-Веќе можат да ги пријават ефектите од вакцината преку матичните лекари или превентините тимови на пунктовите за вакцинација. Тие го пријавуваат настанот на „Мој термин“, потоа прави опис на реакциите што ќе бидат пријавени, а пријавата стигнува до надлежните односно до епидемиолозите од центрите за јавно здравје и Агенцијата за лекови, појасни Чаргоска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk