logo
logo
logo

НЕРВОЗЕН ОХРИЃАНЕЦ удрил возило, го тепал возачот, па скокнал и на полицајците

Vecer | 03.08.2021

НЕРВОЗЕН ОХРИЃАНЕЦ удрил возило, го тепал возачот, па скокнал и на полицајците

Во текот на вчерашниот ден некаде околу 20:30 часот во СВР Охрид приведен и лишен од слобода е Б.Н.(31) од Охрид. Тој, претходно, на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид со патнички автомобил „пежо“ со струшки регистарски ознаки удрил во паркиран автомобил „шевролет каптива“, сопственост на Д.Т.(47) од Охрид, потоа физички го нападнал и со остар предмет упатил закани.

Б.Н. бил агресивен и кон полициските службеници и се обидел физички да ги нападне. По целосно расчистување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk