Вечерва повеќе медиуми објавија за престрелка во скопската населба Ченто, сепак според информации од МВР не станува збор за престрелка туку за сообраќајка.

Првичните информации дека се работи за престрелка не се точни според МВР.

Сообраќајката се случила во населбата Ченто, во близина на последна 23-ка.

Очевидци за Фокус велат дека лице со возило БМВ со голема брзина пресекло пат на комбе, по што возилото се забило во дрво, а комбето се превртело.

Според Фокус  нема информации за жртви, но  неофицијалните информации говорат дека еден од учесниците во сообраќајната несреќа се заканувал со пиштол.