logo
logo
logo

НЕМААТ ПАРИ ЗА ПАКЕТОТ, затоа владините пратеници бегаат од седници

Vecer | 24.03.2021

НЕМААТ ПАРИ ЗА ПАКЕТОТ, затоа владините пратеници бегаат од седници

Во вечерашното издание на дебатната емисија на ТВ Стар Штип гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација, нефункционалното Собрание, како и на следните чекори кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе во однос на политичката ситуација во Република Македонија.

Милошоски потенцираше дека оваа Влада предводена од СДСМ, поточно од Зоран Заев, има премногу нестабилно мнозинство и многу тенок легитимитет.

Тој даде дека слабото мнозинство се отсликува и на работата на Собранието, бидејќи веќе подолго време власта не може да одржи седница со присуство на сите пратеници од мнозинството.

Покрај недоаѓањето на сите пратеници на собраниските седници, забележливо е дека помеѓу пратениците од мнозинството нема соработка, туку напротив владее некое сузбивање кое што се одразува на работата на Собранието на Република Македонија, што значи блокада на развојот и помош на граѓаните, вели Милошоски.

– Петтиот пакет кој предвидува помош за граѓаните беше повеќе од неопходно за гласање, но власта сака покрај тоа да протурка и други работи кои ќе ја затскријат нивната неспособност.

Тоа е единствената вистина за блокирањето на законот, иако власта ја обвинува опозицијата речиси еден месец.

Ова се калкулации и одолговлекувања на власта, затоа што знаат дека буџетот не е во добра кондиција и немаат пари да исплатат на стопанствениците и токму затоа сакаат да пролонгираат некој месец повеќе, додаде Милошоски.

Граѓаните имаат можност да видат како власта функционира, односно како таа не функционира, иако кога требаше да се делат пари на Макпетрол и други олигарси блиски на власта, тогаш власта беше кохезивна и знаеше да учествува во парламентот. Тоа се тие двојни аршини кои власта ги применува, а се на штета на обичните граѓани, истакна Милошоски.

Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предложуваше амандмани со цел да се доработат многу закони, како оној за пописот, така и овој за петтиот пакет мерки, но власта не сакаше да соработува и да ги признае грешките. Токму затоа своеглаво ги туркаат законите, само за да кажат пред јавноста дека нешто сработиле, а реалната слика е дека самата власт е главен кочничар на процесите во Собранието на Република Македонија, заврши Милошоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk