logo
logo
logo

НЕМА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА БЕЗ НАЈАВА!

Vecer | 14.05.2021

НЕМА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА БЕЗ НАЈАВА!

Од денеска Грција го отвора граничниот премин „Евзони“, со што се овозможува влез на македонските граѓани, но под одредени услови. Имено, во соседна Грција ќе можат да отпатуваат само оние кои ќе имаат обезбедено негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или ги имаат примено двете дози од вакцината против корона вирус. Негативен ПЦР тест мора да се приложи и за децата над 5-годишна возраст.

Важна информација за нашите граѓани кои ќе одлучат да отпатуваат во Грција е дека задолжително треба да се најават на грчка веб страница и тоа 24 часа пред пристигнувањето на граница, и да имаат пополнето формулар со лични податоци, контакт на лице во случај на итна потреба, како и адреса на престој додека сте во државата.

Најфреквентниот граничен премин Богородица кон соседна Грција утрово функционира нормално во очекување на поголемо сообраќајно раздвижување на патници и туристи, но граничниот премин Евзони на грчка страна, и покрај најавите, до овој момент, се уште не е отворен, потврдија од дежурната служба на ГП Богородица.

-Од утрово од 7 часот, за кога беше најавено отворањето на ГП Евзони, низ нашиот граничен премин кон Грција заминаа петнаесетина возила кои до овој момент се уште чекаат на Евзони за влез во Грција затоа што грчките гранични органи се уште чекале официјален документ од Атина и додека не го добиеле, на ГП Евзони ќе се чека, рекоа од дежурната служба на ГП Богородица.

Се очекува во текот на денот, ГП Евзони да ги дигне рампите за влез во Грција откако ќе пристигне официјалниот документ од владата во Атина.

Регистрацијата за влез во Грција можете да ја направите ОВДЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk