logo
logo
logo

НЕМА ВАКЦИНИ ЗА ПОПИШУВАЧИТЕ! Ќе бидат и жртви и темпирана бомба

Vecer | 28.02.2021

НЕМА ВАКЦИНИ ЗА ПОПИШУВАЧИТЕ! Ќе бидат и жртви и темпирана бомба

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната средба со стопанствениците во Битола, околу прашањето со собирањето на потписи за поништување на Законот за попис истакна дека власта не е подготвена за да го спроведе пописот. Во време на пандемија, без вакцини власта на мускули турка попис и го загрозува здравјето на граѓаните.

-ВМРО-ДПМНЕ отвори една граѓанска иницијатива за собирање на потписи и последната информација е дека се собрани 100 илјади потписи. Тие се потписи против нерегуларен попис. Сите сме за да има статистички попис, но не да биде истиот политичка операција во којашто владините функционери ќе се наддаваат со проценти, рече Милошоски.

Тој смета дека овие 100 илјади потпишани граѓани кои се респектабилен број, и власта би требало да има слух и да разбере дека туркање на мускули на еден фингиран попис нема да донесе ништо корисно.

-Напротив, само ќе ја зголеми недовербата и поларизацијата на населението. Особено што истиот попис би се туркал во време кога власта не е во можност ниту самите попишувачи да ги вакцинира против Ковид-19. А да не збориме за оние повозрасни лица коишто треба да бидат предмет на попишување, а да бидат посетени од попишувачи кои претходно биле во пет, десет или повеќе други домаќинства, истакна Милошоски.

Според него, власта е крајно неподготвена за една ваква операција, за да биде веродостојна и да биде здравствено осигурена. Се надеваме дека власта ќе најде разум, здравјето на граѓаните, статистиката и довербата во институциите да имаат предност пред политичките договори на коалиционите партнери, посочи Милошоски.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk