logo
logo
logo

„Нема пари за учебници, А 4 ЛИЦА ЗЕЛЕ 900.000 ЕВРА ЗА ДА НАПИШАТ ЕДЕН ДОГОВОР“

Vecer | 28.03.2023

„Нема пари за учебници, А 4 ЛИЦА ЗЕЛЕ 900.000 ЕВРА ЗА ДА НАПИШАТ ЕДЕН ДОГОВОР“

Јавното обвинителство нека не се прави слепо при очигледен скандал со изборот на надзорот за изградбата на коридорите 8 и 10Д кој што го спроведоа Ковачевски и Груби. Обвинителството нека не се однесува како заштитник на криминалот и веднаш да постапи, бидејќи во овој случај има толку очигледни прекршување што само партиските структури во правосудните органи не сакаат да ги видат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираат дека Конзорциумот кој што го избраа Ковачевски и Груби наплатил 900 илјади евра за еден месец за ангажирање на само 4 лица за изготвување само на еден договор.

- Истите овие 4 лица дополнително ќе поделат други 300 илјади евра по истиот основ, што е огромна сума за многу побогата држава од Македонија. Во време кога во Македонија нема пари да се печатат учебници во образованието, еден милион евра се исплатени за пишување на еден договор, нагласуваат тие.

Во соопштението се додава дека и другите исплати поврзани со надзорот се енормни.

- Така цените кои се наведени за инженери и надзорници се и до 7 пати поголеми од тие кои се плаќани на други проекти. Најголем дел од овој 22 милиони евра тежок тендер ќе поминат низ фирмата Електра Солушн која до скоро се занимавала со шиење гаќи, а ќе се омрсат и компаниите Евро Консалтинг која е поврзувана со Димитријевиќ кој избега од Ерменија заради обвинение за корупција и фирмата ЕПТИСА која самата влада ја забрани за соработка и даде негативна референца, посочуваат од партијата.

Тие истакнуваат дека Ковачевски и Груби сето ова свесно го организирале, но да имаше правна држава, каква што нема досега ќе се отвореше постапка и случајот ќе почнеше да се испитува. За криминалите на оваа власт ќе има одговорност, но и за оние институции кои требало тоа го спречат но молчеле.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk