logo
logo
logo

Нема нови хоспитализирани пациенти во ковид центрите во Скопје во изминатите 24 часа

Vecer | 08.06.2021

Нема нови хоспитализирани пациенти во ковид центрите во Скопје  во изминатите 24 часа


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 46 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, известува министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Приеми немало ниту во ковид центарот во ГОБ 8 Септември и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент. Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 14 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 25 пациенти.

Според министерството за здравство, бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, информираат од таму.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk