logo
logo
logo

Нема место за дивоградбите во охридскиот регион, порача евроамбасадорот Гир

Vecer | 10.06.2021

Нема место за дивоградбите во охридскиот регион, порача евроамбасадорот Гир


Амбасадорот на ЕУ во земјата, Дејвид Гир, порача дека нема место за дивоградбите на крајбрежјето на Охридското Езеро и треба да се отстранат.

„Уникатното природно и културно богатство што го поседува регионот – признаено од УНЕСКО – мора да биде заштитено. Заштитувајќи го наследството на Охрид сега, ние исто така инвестираме во работни места и унапредувањето на услужните дејности сега и во иднина“, напиша евроамбасадорот на „Твитер“.

На пораката одговори градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, заблагодарувајќи се на поддршката во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО.

„Упатувам јавна благодарност до амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир за неговата силна поддршката во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион. Особено сум горд што нашите стратешки партнери од ЕУ, ги препознаваат нашите заложби за почитување на законите и владеење на правото, со што ставаме крај на децениската деградација на крајбрежјето“, напиша Георгиевски.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk