logo
logo
logo

НЕМА ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО, а планираат да почнат со собраниска постапка за уставни измени

Vecer | 30.05.2023

НЕМА ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО, а планираат да почнат со собраниска постапка за уставни измени

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска информира дека процесот на усвојување на уставните измени може да почне и без постигнат политички дијалог и да се искористат триесетте дена до првото гласање за постигнување договор.

Како што рече на брифинг со медиумите, минимум четири и пол, максимум до шест месеци може да трае процесот на усвојување. Роковите течат откако Владата ќе го достави предлогот.

Според Џафери, нема никаква законска пречка расправата за уставните измени да почне иако не е обезбедена двотретинска поддршка.

-Ова веќе не е само интерес на мнозинството, ова е интерес на државата на граѓаните. Државата 30 години работи макотрпно на тоа да ги оствари двете стратешки цели кои ги определиле уште при осамостојувањето, ова е можноста, вели Џафери.

Искуствено, одлагањето на влезот во НАТО во 2008. не чинеше десет години и јас, вели Џафери, не сум убеден дека добивме подобро решение од она што беше во 2008.

Тој информира дека доколку нема две третини на првото гласање, процедурата ќе прекине.

Како краен рок за внесување на шесте народи, според предлогот на работната група, меѓу кои и Бугарите, во Уставот се посочува ноември, кога треба да заврши скринингот на Европската комисија и да се одржи втората меѓувладина конференција и да почнат преговорите по поглавја.

Нејасно е како ќе се донесат уставни измени, бидејќи од ВМРО-ДПМНЕ постојано повторуваат дека овој собраниски состав нема мандат да ги изгласа.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на вчерапната трбина во Делчево истакна дека повеќе од 80 проценти од македонскиот народ е против прифаќање на бугарскиот диктат, како и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи за промена на Уставот под овие околности и диктат и тоа нема да се случи ни сега ни во иднина.

- Зарем, да се оди наспроти огромното мнозинство. Не е визионерство да се гази по мислењето на народот, туку да се води политика во насока на ставовите и гласот на народот. Во последно време, ја слушам тезата која произлегува од кујните на власта, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржело измени на Уставот, ќе го прифателе истото ова што се нуди сега по падот на оваа влада. Прво, мило ми е што и самите признаваат и очекуваат дека ќе се смени власта, второ, треба да знаат дека сега и било кога потоа, овој или било кој мандат потоа, ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, ниту јас ќе се согласиме на промена на Уставот под овие околности и со овој бугарски диктат, потенцираше Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk