logo
logo
logo

„Не почнала кампањата за вакцинација, ОТИ НЕМАЛО ДОВОЛНО ВАКЦИНИ“

Vecer | 11.04.2021

„Не почнала кампањата за вакцинација, ОТИ НЕМАЛО ДОВОЛНО ВАКЦИНИ“

Заменик министерот за здравство, Илир Хасани вели дека намерно и свесно се уште не ја започнале кампањата за вакцинација, бидејќи нема вакцини во доволна количина.

- Свесно се воздржавме до апелот додека да не ги примаме вакцините во доволна количина и ќе продолжиме со сите капацитети кои ги поседуваме за понатамошното вакцинирање. Тоа значи дека моментално дневно имаме 2000-2500 вакцини, а капацитетот за вакцинација кој го имаме е многу поголем но ги чекаме бројките и вакцините кои ќе стигнат во секој момент. Ова не е критика туку планирана стратегија, рече Хасани за ТВ21

Според него МЗ стравува случајно сите граѓани дека ќе сакаат да се вакцинираат а всушност нема доволно вакцини.

- Да немаме разлики во активностите за промоција или сензибилизација на јавноста додека да стигнат вакцините. Да кажеме, доколку ние ја сензибилизираме јавноста а во текот на овој месец ја имаме таа голема бројка на вакцини, имаме разлика и дистанца меѓу дејностите, така да се е планирано и чекаме само еден клик за да продолжиме со промотивните активности, додаде Хасани.

Имунизацијата на населението започна задоцнето и не со посакуваното темпо, а министерот Венко Филипче вчера на Фејсбук ги повика граѓаните да се пријават за вакцинација.

https://youtu.be/Y3szdWL4030

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk