logo
logo
logo

НЕМА ДА ИМА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА за здравствените работници и ПЦР тест за невакцинирани административци

Vecer | 01.12.2021

НЕМА ДА ИМА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА за здравствените работници и ПЦР тест за невакцинирани административци

Владата се откажа од задолжителна вакцинација за здравствените работници и невакцинираните административци да се тестираат со ПЦР тест барем еднаш на 72 часа за да влезат на работното место кои беа предложени од Комисијата за заразни болести.

Причината е во тоа што се наишло на проблем како ќе се казнува ако некој не се тестира и како ќе се спроведе оваа мерка, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Здравствените власти сега со друга мерка ќе се обидуваат да го зголемат вакциналниот опфат. Секој матичен лекар што ќе постигне 70 проценти од неговите пациенти да се вакцинирани против ковид, ќе добие 30 денари бонус по пациент. Парите на матичните лекари ќе им бидат исплатени до почетокот на летото.

Во просек секој матичен лекар има меѓу 1.000 и 2.500 пациенти, па финансискиот бенефит не е за занемарување. Меѓутоа, проблем е што матичните лекари не знаат како да им влијаат на тврдокорните и решени да не се вакцинираат пациенти кои се лекуваат во нивните ординации.

-Дополнителна мерка што ќе ја направи вакцината задолжителна не е исклучена, но додека тоа не се провери остануваме со постоечките мерки, рече Филипче додавајќи дека за Северна Македонија е рано да се воведе задолжителна вакцинација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk