logo
logo
logo

Нелоски: Шилегов шест месеци пред избори ветува реконструкција на Универзална сала!

Vecer | 01.03.2021

Нелоски: Шилегов шест месеци пред избори ветува реконструкција на Универзална сала!

Да беа посветени на работа за реконструкција на Универзална сала, досега наместо неколку прес-коференции со различни Министри и владини претставници ќе беше завршена реконструкцијата реагира, Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„За жал денеска с еуште после три и пол години од мандатот на Петре Шилегов, се уште немаме Универзална сала, но уште поважно и потажно е тоа што скопјани и по завршување на четиригодишниот мандат на Петре Шилегов, нема да имаат можност да уживаат во Универзална сала, вели тој.

„Имено, со оваа реконструкција која што ја најави пред избори колку да го замајува народот, предвидено е во таа прва фаза да биде реконструиран само надворешниот дел, односо кровот и фасадата на Универзална сала.

Петре Шилегов во 2017-та вети дека 50-то издание на “Златни славејчиња” ќе биде во Универзалната сала, а не шест месеци пред избори да ветува реконструкција на кров и фасада, истакна истакна Нелоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk