logo
logo
logo

Нелоски: Пендаровски покажа слабост, очигледно дека ПРИТИСОКОТ ОД ЗАЕВ Е ПРЕГОЛЕМ

Vecer | 10.05.2021

Нелоски: Пендаровски покажа слабост, очигледно дека ПРИТИСОКОТ ОД ЗАЕВ Е ПРЕГОЛЕМ

Пендаровски ја покажа својата слаба позиција и немање на конкретен став, притисокот на Зоран  Заев е преголем и претседателот Пендаровски не може да се држи до ставот кој го дал две недели претходно, вели Владимир Неловски, претседател на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во Анализа на ТВ 24 говорејќи за променетиот став на Пендаровски во однос на случајот за 27 април на средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

- Кога некој човек на одредена средба и во увертирата има одреден став, видовме и на гостувања на телевизија како вели дека осудените за 27 април заслужуваат правда, дека не го сториле делото за кое се осудени, а потоа после средбата да рече дека тоа не го кажал, тоа говори за слабост Тој ја покажа својата слаба позиција како претседател и немање конкретен став, Го смени за десетина дена, а можеби за 5 дена ќе има нов став, потенцира Нелоски.

Тој истакна дека судскиот процес за 27 април се гледа од авион дека е монтиран и истиот се темели врз основа на човек кој 5 пати ги смени своите искази

- Овој судски процес е политички судски процес. Ако во минатото сме имале случаеви кои се враќани на почеток поради една изјава на политичар, тогаш зошто да не и овој случај. Овие луѓе не бараат амнестија, бараат нормален неполитички процес во кој ќе си ја докажат невиноста по однос на ова обвинение, а тој кој се огрешил по други основи и самите викаат дека се спремни да одговараат, потенцираше Нелоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk