logo
logo
logo

Нелоски до градските власти: Разбудете се, ФК Вардар пропаѓа!

Vecer | 07.04.2021

Нелоски до градските власти: Разбудете се, ФК Вардар пропаѓа!

Во вечерашното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ прати апел до властите за спас на фудбалскиот клуб “Вардар”. Клубот кој е обележје на Градот Скопје, а и на Република Македонија полека но, сигурно згаснува.

-На крај од емисијата да спомнам една неполитичка тема за повик до сите власти и централната и до градската, околу згаснувањето и пропаѓањето на ФК “Вардар”. Фудбалскиот клуб пропаѓа, а тој е најголемиот симбол на Република Македонија и на Градот Скопје. Цела Европа Македонија ја препознава преку ФК Вардар. Затоа треба да се најде решение и начин за спас на нашиот клуб Вардар. Ова го кажувам неполитички и нема да дебатирам туку како обврска го кажувам и како некој кој бил 10 години дел од тој клуб, истакна Нелоски.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk