logo
logo
logo

Нелоски: Денеска ќе поднесеме кривичен поднесок за криминалниот тендер на Град Скопје и Петре Шилегов

Vecer | 10.05.2021

Нелоски: Денеска ќе поднесеме кривичен поднесок за криминалниот тендер на Град Скопје и Петре Шилегов

Врз основа на искажаните сомнежи во текот на минатата недела за криминалниот тендер на Град Скопје и Петре Шилегов, денеска ќе поднесеме кривичен поднесок за злоупотреба на службена должност и овластување, несовесно работење во служба и корупција и судир на интереси. Се со цел да го охрабриме Јавното обвинителство да се позанимава малку со овој очигледен крими шема скандал што го обзнанивме, вели Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Градскиот комитет.

- Имено, зетот на секретарот на Петре Шилегов, односно вториот човек во Градот Скопје успеал да земе фрапантни 500.000 евра како дел од тендерот за т.н. противпожарна скала. Се надеваме дека конечно Јавното обвинителство ќе се охрабри и ќе ги обзнани и ќе ги побара сите факти поврзани со овој случај, а се разбира и дека граѓаните на Скопје ќе ја добијат правдата за нивните потрошени пари, додаде Нелоски.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=cznkE1AX5O4[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk