logo
logo
logo

Нелоски: Богдановиќ и СДСМ ништо не исполнија што ветуваа и затоа ќе ја понесат политичката цена во октомври

Vecer | 22.04.2021

Нелоски: Богдановиќ и СДСМ ништо не исполнија што ветуваа и затоа ќе ја понесат политичката цена во октомври

-До каде е изградбата на кулите за смог низ Општина Центар, до каде се ветените монтажни паркинзи, до каде е новата општинска зграда, до каде е новата спортска сала на КК Работнички.

Кога вие имате политичари кои ветиле нешто пред четири години и денеска на 6 месеци пред избори гледаат дека ништо не исполниле, тогаш тие е нормално да се фалат со рушење, дека ќе рушат нешто. Но, пред да рушат треба да ги прашаат граѓаните, посочи претседателот на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски во денешното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија.

Според него, градоначалникот Саша Богдановиќ пред четири години ги лажеше скопјани дека нема да се урбанизира и да се уништува Скопје, а тоа сега се прави на големо.

-Ветувавте работи кои не ги исполнивте. Зошто не се сменети најспорните планови господине Богдановиќ? Е сите овие прашања ќе си ги постават центарци во октомври месец, рече Нелоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk