logo
logo
logo

„Нејшнл интерест”: МАКЕДОНИЈА ВО НЕКОРИСНИТЕ СОЈУЗНИЦИ НА НАТО, повеќе обврска за САД

Vecer | 10.01.2022

„Нејшнл интерест”: МАКЕДОНИЈА ВО НЕКОРИСНИТЕ СОЈУЗНИЦИ НА НАТО, повеќе обврска за САД

Македонија е во земјите од мала корист, односно некорисни сојузници за НАТО, објави „Нејшнл интерест”. Покрај Македонија во иста група се Црна Гора, Албанија, Словенија. Овие држави на воен план се земји од мала корист за НАТО и многу од таканаречените сојузници, за САД повеќе се обврска отколку актива, вели во анализата Тед Гален Карпентер, виш соработник за одбранбени и надворешнополитички студии во институтот Кејто во Вашингтон.

Според него, таквите „мали” и лесно вооружени „лилипутанци” се потенцијални стапици кои можат да ги втурнат САД во непотребни воени разврски. Мошне често, сојузниците промовирани од Вашингтон на воен план се слаби и бескорисни штитеници.

Како такви покрај балканските држави тој ги посочува и трите балтички земји Естонија, Латвија и Литванија.

-Уште полошо, наведува, „некои од нив се во лоши односи со своите посилни соседи”. Според него, тешко е да се објасни како новите членки на НАТО ја засилуваат моќта и безбедноста на САД.

-Како економски активи нивната важност јавно е ограничена, а во воените односи тие се уште помалку вредни, истакнува Карпентер.

Начинот како САД ги одбираат своите сојузници и им даваат план за членство во НАТО, тој го споредува со практиката на неселективно и без претходни проверски „трупање Фејсбук пријатели”.

Во анализата, тој наведува некои историски примери за тоа како малите земји можат ненамерно или намерно да ги втурнат своите поголеми спонзори во војна.

Примерот кога Русија се застапила за Србија во втората деценија на минатиот век и атентатот врз австроунгарскиот принц Франц Фердинанд. Убиството на надвојводата довело до разгорување на Првата светска војна и крај на царска Русија. Друг пример е кога грузискиот претседател Михаил Саакашвили погрешно ги протолкувал сигналите од претседател Џорџ Буш помладиот и во август 2008 година наредил напад врз руските миротворци во Јужна Осетија.

-Одговорот од руска страна беше брза офанзива при што речиси цела Грузија беше окупирана од руската армија. Очигледно, Саакашвили читаше погрешно од тогашната администрација на Буш, пишува Карпентер.

Тогашниот грузиски претседател побарал воена помош од САД за да се справи со руската инвазија. Буш сепак не донел таква одлука, бидејќи тоа би значело директен судир на американски и руски војници. Одговорноста за оваа војна делумно беше и на неговата администрација, наведува авторот.

Авторот го наведува и актуелното расположение во администрацијата на Бајден за воена помош за Украина и за наводно зачленување на оваа земја и на Грузија во НАТО, што според него би било огромна грешка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk