НЕИЗВЕСНО ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА:Џафери не кажува дали ќе се распрва за аманманите од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека пратениците од неговата партија ќе учествуваат на утрешната седница на Собранието, на која треба да се донесе Законот за јазици, но од Струмица порача дека опозициската партија бара разгледување на нивните амандмани и отворање на амандманска расправа.

Собрнискиот спикер, Талат Џафери, за утре  ја закажа седницата за Законот за јазици, со почеток во 13 часот. Седницата ја најавил на денешната координација во Собранието, на која не соопштил како ќе ја води седницата и дали ќе ги стави амандманите на гласање.

Мицкоски истакна и дека во минатото партијата повикувала за разум, почитување на законите, Деловникот на Собранието и Уставот на Македонија. На дополнително новинарско прашање како ВМРО-ДПМНЕ ќе дејствува на утрешната седница, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека нивните пратеници ќе присуствуваат на седницата, а за натамошните чекори јавноста ќе била благовремено информирана.

Дел од присутните на состанокот, за НОВА брифираат дека се очекува Џафери утре да ги отфрли сите амандмани, со образложение дека со нив се бара да се оцени уставноста на Законот, што не е во надлежност на пратениците. Оние кои сметаат дека Законот е неуставен ќе бидат упатени да поднесат претставка до Уставниот суд. Од парламентарното мнозинство очекуваат и ВМРО ДПМНЕ да гласа за Законот.

Седницата за Законот за јазици требаше да се одржи минатиот вторник, но тој обид пропадна поради тоа што ДУИ и СДСМ не постигнаа договор дали да се отвори расправа за амандманите поднесени од ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари