Неисправна вода за пиење во населеното место Ѓумушица

Не е исправна водата за пиење од крајпатната чешма во населено место Ѓумушица, соопшти општина Прилеп.

Водата од ова чешма според Центарот за јавно здравје не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути.

„Центарот за јавно здравје – Прилеп врши редовни анализи на исправноста и квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населените места, каде што нема водоводи кои што се вклучени во водоводната мрежа со која стопанисува ЈКП „Водовод и канализација“, се вели во известувањето од општината.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари