logo
logo
logo

Нефи наместо затвор, ДОБИ ПАРИЧНА КАЗНА

Vecer | 06.12.2022

Нефи наместо затвор, ДОБИ ПАРИЧНА КАЗНА

Нефи Усеини, советникот на ДУИ од Охрид доби казна под законскиот минимум за за претепувањето на екссоветникот Џемал Мена за време на седница на Советот.

За делото кое се гонеше предвидена е казна од три месеци до три години, а судот во Охрид, на Усеини му изрече казна под минимумот.  Судијата изрекол парична казна, со која смета дека Усеини ќе го поправи своето однесување и нема да попречува лица во извршување на службена должност, ниту ќе помисли повторно да тепа како што тоа го направи повеќепати изминатите две години, објави А1.он.

„Бил огласен за виновен, имал парична казна. Сега предметот ќе се прати во Апелација-Битола по жалба на пресудата“, велат од Основен суд-Охрид за „А1он“.

Пресудата иако се изрекува во името на граѓаните, нема да биде јавна ако истата не ја потврди Апелациониот суд во Битола. Ова е ново правило во охридскиот суд. Со ваквиот чекор, ќе остане „тајна“ кои биле олеснителните околности поради кои е изречена казна под законскиот миниум, што не е ниту условна осуда туку парична.

Од Обвинителството во Охрид. Оттаму, веќе поднеле жалба.

„Обвинетиот е огласен за виновен и му е изречена парична казна. Против пресудата ОЈО Охрид изјави жалба до Апелациониот суд Битола и тоа по два основи: за висината на кривичната санкција и поради суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка“, велат од ОЈО-Охрид за „А1он“.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk