Пишува: Гоце ДЕЛЧЕВ

Здравјте калпазани, Северни и Македонци. Право да биде, не мислаах да ви пишувам. На магаре да пишам, ште разбере, вие – не! Арно ама, читам сношти тоа Љупчето на Снешка, премиер шо ви беше, пишал как да се реше ваа работа ус Бугарто. Па, видам, мрснико мене ме ставил в уста! Кажал дека јаска сам заеднички и дека за мен не треба ного да се маабете.

А, бре Снешкино човече, ти немиш право „Г“ да изговориш, не пак за Гоце проблемо да го решавиш. Тебе, ајдамак един, човеците те избраа да им врниш фабрик’те шо ги открадеа Бранко и тоа комунистичките бандити. В место тоа, ти стана бетер од них.

Шо мислиш селанче едно, ние не’ можааме да крадиме? Не можех ас да одам по музики, да купам нов костум, да земам од народо парте и да зафанам бизнис, а Јанка в свила и срма да ја облечам? Какво мислиш, а – не можех? Можех, ајдамак един!

Ама, шо мислиш, зашо не направих така, ами одиме по планинте? За ти по балове да одиш, Снешка твоја госпожа од село да се праве и сеа ти да распродавиш Македонците на Блгрија? Нели тие срам море, и на тебе и на сите од Бранко, па навам, а бе децта ваши ус леб краден од народо и пораснате?

Ај, земи си го тоа Бранкото, фанејте се за тоа р’кичките и фрлејте се уф Вардар. Или, земи па да пишувиш песни за лижење, чунки само за тоа те биве! И оше едн’ш ти кажувам, ним мене да ме клавиш в устата. Гнсна ти е! Смрде ти!

Ама, видејте ја играта. Тоа мрсник беше президент на ВМРО! И сеа, врте ја работ’та ут СДС на вмровците! Ус него, сте стануват предавници. Не оти тие мојте ајдамаци се ного за мирисајне, ама… Ут една страна, пуштат го да испите пулсо, ут друга разводне ја вината…

Ама ка почнах веќе Љупченце, ја да те питам: ти нели си Блгарин? Си! А нели се кажувише дека си Македонец, додека не стана чорбаџија ус парте на народо? Е, а беше селанче, обично селанче. Македонец! Сега си богат Блгарин.

А, Митре падаро в кукушките ниви беше доктор за тебе. Е сеа, човеците, не Северните, не Блгарите, ами Македонците, направија те да не одиш ус влнени гашти и лето и на зима, ами ус свилени. Научија те дека з’бите се мијат три п’ти на ден ус четка и ус паста, а не ус прст вонка на чешма или на бунар. И ти сеа, на тие човеци, шо и излажа дека ќе им врнеш фабриките од Бранко, тоа Бранко шо викише дека шмркнуве бело, ти ќе им кажиш какво сме биле ние, јас, Ќосето, Павел, Брашнаров, Сарафов, Јане, Ѓорче… и какво биле прадедовци на вие Македонци вад’н.

Ние, море, лигавеш, беаме Македонци. Дали сме пишале тука и там „Блгари“, тоа е наша работа, а е иста как и ти когато се пишуваше за Македонец, а сеа си Блгарин. Разбра ли? Е, ој сеа тури си на тоа главата едни женски г’шти и не се меши ного ув вие работи.

Знајш само шо, штета за таквите като тебе, като тоа Љубе шо ја изгуби војната, абдал каков свето не родил, шо не беате ув мојто време. Па ние да ви објасниме малко, на наш начин. И не само на вас двујцата, туки на сите шо беа од вашио ред. И од врем’то на Киро и Бранко и после вас, се до воа муртинскио сељак…

А вие, драги калпазани, Северни и Македонци, извинејте шо направих пауза с писмата, ама славих родендено на 4-ти, па гледах го после тоа преносо од тоа вакцинте шо ви ги дадеа Србите, па воа, па ноа… И да ви кажа искрено, ного су разорачан.

Прво, таа работа ус вакцинте на тоа Србино Вучиќ, без музика, без чочек, без Петре шо ги виките Шилеговача… не ја биве! От така, само ус црвен килим и ус мал театар… Дека е Ферус да засвире за тоа пакетчето?

Дека се сите женички шо играјаа на ауто-п’то? Викнајте ги да растресат малко тоа грдите, да се виде шо сте направиле! Оти гулема работа е да добијш помалко вакцини од бензино шо го потрошите за да ојте на границата. Па камери, па апарати за кадросување… Па оделе да апнат после Вучиќ и Зајкото уф Камник, срна ли, мечка ли…

А требише на лице место, малко качамак, малко кисело млеко и пченкарен леб, преди тоа малко ракија и кромид, сол разбира се… и толко. Може и по едно кафе, сеа дека вас ефтино е, не е като в мое време. Чунки, народо гледе…

А читам, вад’н врнале ви ги парите ут Кина. И па останате голтаци за вакцини. Ми нели прво беше дека тоа човеците од Кина славиле Нова година? Па беше не знам шо… Е сеа врнале ви парите! А? Какво станува там? Е, нели сам у право дека не сте арни човеци, когато дозволите един Зајко и тоа Филипче да ве играат като да сте малко удрени? Не е малко, туку ного те удрени! Ама ка ви се умира, умирајте! Шо да ви кажам.

Е сеа, в наше време, ние не просааме като вие ут Србите. Ќе киднапирааме некого (не јаска, оти ми ми бегаа’ като тоа турското бегче, па после цело ВМРО мајтап ме играјше) и ќе добијааме цел камион… така се кажуве, в наше време мазги ќе беа наместо камиојне, ама… разбирате ме? Вие директен пренос за едно пакетче големо куту за тие за Нова година… Ах, ајдамаци едни… Не биве така ваа работа…

Е, сеа, јас с’м обичен учител, и не рабирам как така Србите имат вакцини за своите човечи и имат вакцини за да дадат на просјаците од други држави, Грците имат, ја го Албанецо Еди Рама, тоа ус влечки шо оде дека Меркел, и тоа човек има колко сакиш вакцини, Бугар’те имат, само вие не?

Ми нели тоа вашио министер шо мојте вмровци шес месеци името не му го спомнаа, тоа шо му пејате песни, шо имише един куп човеци по фејсбук да го бранат, шо го прогласите за светио Филипче шо ја убиве коронта – нели беше најдобрио, најпаметнио, најблескавио? Оти ту-гај вие немите вакцини, а другите имат? Ја ставејте си прсто на челто и размислејте – болни ли сте в ак’ло, недоносени ли сте, какво ви е?

И оше, читам го тоа вашио Зајко, шо вике дека Госпо гу црпнал ут нивата (ќе му покажат тука един ден шо значе таков мајтап да правиш ус Госпо), пазеле ного да не им’те премного вакцини. Вие една нем’те ваша, а пазиле сте да не добијте повечко него шо требе!? Ја чудам ви се ут тука, ама вие па сте испаднале мајмујне. Като тие шо шетаа по улиц’те сос маичките на Катица, Фатимчето, Ленчето…

Преди тоа, чујам, забраниле ви Македонија да кажувите. Морало е да биде Северна. Еми, пак да ве питам, удрени ли сте вие… Оти, ак’ сте вие Северна, а јаска сум Јужна, какво право имте на мене? Знам оти не ви текнуве, слаби сте на ак’л, тоа го научих… ама, думам си, ас да си кажам лаф-маабет, па как саките-така! Не се лутејте на Блгарите после!

Е, и имите поздрав ут Александар Македонски! Смее ви се колку сте глупави! Преди се тие шо викат Грк дека е бил! Ама, ај за това в некое друго писмо.

Е, така, доста е за вад’н. Ај ус здравје нека ви се вакцинте, ама не се саклдисвајте ного. Един по един, ште изумрите и така нема повечко да ви требат. Гледајте ут добрата страна – пар’те ќе ви останат! Домаќини човеци сте вие!

Денешен.мк