logo
logo
logo

ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ПАК ТРОШАТ ОПШТИНСКИ ПАРИ:

НЕ возат СЛУЖБЕНИ возила, ама затоа точат гориво на сметка на општините!

Vecer | 22.09.2021

НЕ возат СЛУЖБЕНИ возила, ама затоа точат гориво на сметка на општините!

Потпретседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Катица Николовска денеска на јавната дебата посветена на претстојните локални избори рече дека дел од градоначалниците трошат општински средства за набавка на гориво за приватни возила кои се во функција на изборните активности.

- Знаејќи дека ДКСК воспостави механизам да следи дали службените возила се користат за потребите на изборите, некои од градоначалниците трошат општински пари за набавка на гориво, кое се точи во други приватни возила, кои се користат во партиски активности, коишто се почнати предвреме, потенцира Николовска.

Таа рече дека ДКСК ги следи сите дојави за точење гориво од општински пари во изборни цели, ги евидентира, нотира, и согласно надлежностите на Комисијата, ќе се оцени дали има потреба од отворање на предмет, постапување и соодветно санкционирање.

- Сите дојави кои ќе пристигнуваат до нас во текот на овој изборен процес, понатаму ќе претставуваат иницијатива да креираме нови механизми за следење на сите средства, не само со кои располагаат општините, туку и другите институции, да ги направиме транспарентни во делот на трошењето на буџетски пари во предизборниот и изборниот процес, истакна Николовска.

Од ДКСК сметаат дека донекаде успеале да го решат проблемот со користење на службени возила за партиски активности, останува уште да се најде начин да се спречи користењето на горивото платено со општински пари, а користено за приватни возила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk