logo
logo
logo

Не сте заштитени одма по вакцинација, ТРЕБА ДА ПОМИНЕ ОДРЕДЕН ПЕРИОД

Vecer | 02.04.2021

Не сте заштитени одма по вакцинација, ТРЕБА ДА ПОМИНЕ ОДРЕДЕН ПЕРИОД

Откако ќе примите вакцина потребно е да помине одреден временски период за да бидете заштитени, а во завиност од ваккцината тоа може да биде 2,3 недели и повеќе, но комплетно заштитена индивидуа е две недели после втората доза, вели д-р Александра Гроздановска Фармацевтскиот факултет при УКИМ и претседателка на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство.

Тоа е важно, бидејќи, како што сподели таа, искуствата покажуваат дека голем дел од недовербата на вакцините се должеше на тоа што пациенти кои ја примиле вакцината, неколку дена после вакцината развиваат Ковид, а тоа, потенцира, не се должи на неефикасноста на вакцината, туку на непрактикувањето на превентивните мерки и очекувањата дека вакцината ќе делува веднаш во првите два, три дена.

– Во однос на тоа колку време по прележан ковид може да се прими вакцината. Не може да се заземе апсолутен критериум, бидејќи секоја индивидуа не го проаѓа Ковидот на ист начин со иста патологија и иста клиничка слика. Основен принцип е најмалку еден месец после прележувањето на Ковидот, но збориме кај комплетно оздравена индивидуа или шест месеци по прележувањето, бидејќи тогаш очекуваме дека титарот на антитела иако тоа не значи секогаш параметар, но веќе може да ја прими вакцината, вели д-р Гроздановска.

За процесот на вакцинација таа вели дека од медицинскиот персонал ќе искористат буквално се што е на располагање. Самиот процес на вакцинација, вели, ќе биде динамичен, отстапување ќе има, но како рамка ќе се држат по Национаниот план и приоритетните групи за вакцинација. Здрвствениот дом, како што информира, ќе обезбеди во „Борис Трајковски“ во две смени комплетни екипи од по четири лекари и 12 сестри, односно да има вкупно постојано 24 сестри и 16 лекари, а дополнително имаат помош и од друг и медицински и немедицински кадар.

– Очекуваме дека Ковид-19 ќе продолжи за жал и во оваа 2021 година, и мора да бидеме многу свесни дека маската, дистанцата, хигиената ќе бидат задолжителни. Почетокот на вакцинацијата нема веднаш да значи намалување на Ковид-19. Ризичните групи се извонредно приоритетно и високо препорачливи да се вацинираат, но вакцината не е задолжителна и се прима на доброволна база. Она што е важно сите вакцини се безбедни и ефикасни, а ризикот од несакани ефекти е неколкукратно, илјадници пати помал во однос на ризикот што ја носи болеста со Ковид-19, рече Гроздановска

Според неа вакцините ќе ја извојуваат најголемата здравствена победа во човековата историја.

Таа информира дека теренската вакцинација за лицата во старските домови е веќе почната, од вчера, а се спроведува на начин што доставуваат списоци, локација и потоа се организира таа вакцинација.

До моментов, како што информира, имаат дадено Фајзер прва доза на 4.027 лица, втора доза – 3.728, Астра Зенека – 663, Спутик В – прва доза 2.996, Спутник втора доза – 267. Досега до МАЛМЕД, според нејзините информации, стигнале неколку пријави кои се однесуваат на несакани реакции од вакцините, меѓутоа најчесто тие пријави се должат на покачена температура.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk