logo
logo
logo

Не сме виновни за недостатокот на РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ, велат од Раде Кончар – Контактори и релеи

Vecer | 12.04.2021

Не сме виновни за недостатокот на РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ, велат од Раде Кончар – Контактори и релеи

Недостатокот од регистарски таблички за возилата во државата во никој случај не е поврзан со работењето на Раде Кончар – Контактори и релеи и оттаму целосно се оградуваат од оваа ситуација. Оттаму велат дека во изминатиов период ниту добивале нарачки за изработка, ниту имало законска можност да испорачуваат регистарски таблички, порачуваат од компанијата.

- Раде Кончар – Контактори и релеи беше надлежен и одговорен за спроведување на договорот за изработка на регистарските таблички склучен со Министерството за внатрешни работи, до исцрпувањето на вредноста на рамката. Имајќи ја предвид сериозноста на состојбата, како единствен производител на овие таблички, благовремено го информиравме Министерството за внатрешни работи дека постои недостаток на регистарски таблички поради истек на договорот, велат од Раде Кончар – Контактори.

Потсетуваат дека на 29 септември 2020 година Министерството за внатрешни работи објави нов повик за јавна набавка на регистарски таблици за моторни возила и дека постапката заврши со поништување.

-Во повторената постапка Министерството дури во април донесе и одлука за избор на најповолен понудувач. Во оваа постапка, друг економски оператор е избран за најповолен понудувач, додека Раде Кончар – Контактори и релеи е елиминиран, па нашите права ќе продолжиме да ги остваруваме преку надлежните институции и во рамки на позитивните прописи, појаснуваат од компанијата.

Нагласуваат дека се единствена домашна компанија која инвестираше во комплетна технологија за производство на регистарски таблички од осамостојувањето, поточно од 1996 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk