logo
logo
logo

„Не си играјте со европската иднина на Северна Македонија“ – Сириза побара од Мицотакис ратификување на меморандумите

Vecer | 25.06.2021

„Не си играјте со европската иднина на Северна Македонија“ – Сириза побара од Мицотакис ратификување на меморандумите


Грчката опозициска партија Сириза ја повика Владата на премиерот Киријакос Мицотакис итно да ги ратификува трите меморандуми потпишани меѓу Грција и Северна Македонија, како дел од Договорот од Преспа.

Ова се случува по најавите дека официјална Атина размислува за понатамошно одложување на процесот, пишува „Еурактив“.

Меморандумите, се однесуваат на економската соработка меѓу двете земји, забрзувањето на пристапот на Северна Македонија кон ЕУ и контрола на воздушниот простор.

„Донесете ги меморандумите во Парламентот и престанете да играте со европската иднина на Северна Македонија и со европските интереси во регионот и проблематичниот Балкан“, изјави пратеникот на Сириза, Костас Захаријадес.

Тој додаде дека секое одложување го зголемува влијанието на Турција во регионот.

„Еурактив“ потсетува дека твитот на премиерот Зоран Заев во кој пишува „македонска репрезентација“ предизвика силна реакција од грчката владејачката Нова демократија, која најави дека привремено ќе го замрзне ратификувањето на трите меморандуми. Договорот од Преспа беше потпишан кога Сириза беше на власт.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk