logo
logo
logo

НЕ СЕ РАДУВАЈТЕ, полицискиот час останува!

Vecer | 17.05.2021

НЕ СЕ РАДУВАЈТЕ, полицискиот час останува!

Полицискиот час и натаму ќе важи и нема да има ново попуштање на рестриктивните мерки. Иако, судејќи според бројките, епидемијата стивнува, антиковид мерките ќе останат на сила. Полицискиот час, според последната одлука, ќе важи од полноќ до 04 часот наутро, а угостителските објекти ќе работат до 23: 30 часот.

Од министерството за здравство за ТВ 24 велат дека остануваат да важат истите мерки кои досега беа на сила и апелираат  граѓаните да се придружуваат до нив.

- Нема промена на мерките кои се во моментов на сила. Продолжуваат и натаму да важат веќе усвоените мерки. Апелираме за почитување на истите, велат од Министерство за здравство.

Во однос на состојбата со болниците пак, според податоците на здравствените власти, значително е намален бројот на хоспитализации. Вкупно 490 пациенти се лекуваат на инфективните одделенија низ земјава, од кои 204 се хоспитализирани во главниот град.

Во ковид центарот во градската општа болница „Осми септември“ во изминатово деноноќие – имало 2 примени пациенти, а 4 биле примени на инфективната клиника.

За прв пат по долго време, во изминативе 24 часа немало ниту еден прием на пациент во интерните клиники. Поради намалениот број на болни, болниците почнаа да ги затвораат дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

За барањата на угостителите, се уште нема официјална одлука. Од Независната Угостителска Комора бараат повеќе да не се ограничува нивното работно време, да се дозволи жива музика, повеќе лица на маса, како и организирање поголеми прослави според одредени протоколи, но од министерството за здравство не добивме одговор дали овие барања се прифатливи, во овој момент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk