logo
logo
logo

НЕ СЕ РАДУВАЈТЕ - маски ќе носите, па и ако сте РЕВАКЦИНИРАНИ! А ЌЕ СЕ ПОЧЕКА И ЗА СВАДБИ И КОНЦЕРТИ

Vecer | 10.05.2021

НЕ СЕ РАДУВАЈТЕ - маски ќе носите, па и ако сте РЕВАКЦИНИРАНИ! А ЌЕ СЕ ПОЧЕКА И ЗА СВАДБИ И КОНЦЕРТИ

Лицата што примиле две дози на вакцина против ковид-19 превентивно уште ќе носат маски на отворено. Во наредниот период ќе се следи сосојбата и ќе се се решава дали маските ќе се тргнат, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Според него, уште е рано даде општа препорака маските да не се носат на отворено.

- Тоа е нешто за што ќе разговараме во наредниот период следејќи ја состојбата на терен односно како се намалуваат бројот на заразени и се зголемува бројот на вакцинирани граѓани, изјави Филипче.

Филипче кажа дека одлуката за олабавување на мерките и дозволата за организирање на настани не ги вклучува организирањето концерти и свадби односно тие сè уште се забранети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk