Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
“Не се признава македонскиот јазик, предлогот требаше да се отфрли уште првиот ден, катастрофален за македонскиот народ“

„Она што го усвои бугарскиот Парламент условите се уште полоши затоа што се додадоа и нови работи. Вкупно девет работи се додадени од страна на Бугарија во овој период од десетина дена. Она што е битно е што намерата на Османи не коинцедира со изјавите кои што ги дава. И Османи се обиде да продаде со една ситна финта дека корегирањето на две реченици во бугарската опозиција со амандман во бугарското Собрание значело дека работите се подобриле. Не, работите се исти затоа што таму е многу јасно, прво не се признава македонскиот јазик и се вели дека двете страни треба да дадат свое толкување. А, Бугарите ќе дадат толкување дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.
Николоски додаде историските личности од страна на Бугарија сите се пишуваат Бугари, а тоа Македонија ја прави како да е дрво без корен.
Според Бугарите и нивното толкување на македонската историја излегува дека македонскиот народ не постои.
„Трето, се инсистира на промена на Уставот без да имаме било какви гаранции дека тоа ќе е последното барање во текот на преговорите. А, четврто барање е тоа што се става јамка околу вратот на секоја идна Влада затоа што доколку се следи т.н. протокол на спроведување на Договорот за добрососедство или да поедноставиме тоа што Бугарија сака да го види во Македонија, секоја следна Влада ќе биде блокирана во преговорите. И тоа значи дека преговорите никогаш нема да завршат, затоа што Бугарија ќе може да ги блокира“, појасни Николоски.
Тој потсети дека пролетта 2018-та година предупреди дека Бујар Османи тогаш како потпретседател на Владата за европски прашања работи на тоа Македонија и Албанија да влезат во една група, а тогаш Македонија не беше во група со Албанија.
„А, на тоа власта тогаш рече дека е научна фантастика. Но, за жал предупредувањето се оствари. А, сега нему му изгледа дека се работи како Албанија да започне преговори, а за Македонија што биде биде“ – рече тој.
„Мене ме изненади што воопшто стигнавме како држава до предлог, а уште повеќе ме изненади што предлогот не беше одбиен првиот ден кога порциркулира во јавноста. Затоа што доколку сериозен беше односот кон државата прво не смееше Владата да дозволи воопшто да се стигне до таков предлог затоа што да не се лажеме од самиот старт биле вклучени и го тврдам во разговорите и во преговорите со бугарската страна со посредство на француското претседателство. А, второ кога веќе се стигна до таков предлог требаше да се отфрли уште првиот ден, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.
Николоски додаде дека предлогот Бугарија го смета како освоена територија. И Бугарија сега нема да си дозволи да седне и да разговара за ништо помалку од она што веќе го има на маса, а тоа што го има на маса е катастрофа за Македонија и македонскиот народ.
„Јас бев свесен што ќе прават уште првиот ден кога почнаа да даваат едни смешни изјави од власта дека никој до нив официјално не го дал предлогот“, нагласи Николоски.
Тој посочи дека Ковачевски во Брисел глумеше задоцнет патриот.
„Ако внимателно се прочита што зборуваат круговите на власта откако во Бугарија се донесе одлуката пред ден и нешто, веќе има едно повторно вртење дека можеби предлогот не е лош. Дури и малку смешно како одредени поддржувачи на власта за 3-4 дена како даваат различни изјави. Така што доколку Бугарија имаше донесено одлука на денот кога беа во Брисел, јас се уште мислам дека Ковачевски ќе го прифатеше затоа што гледам дека оние кои што се блиски до Владата на СДСМ и ДУИ веќе се обидуваат да направат простор дека ова е добро. Дури вчера Бујар Османи беше директен во своето излагање во јавост во едно интервју каде што директно кажа дека тој мисли дека ова треба да се прифати што само говори дека немаат основно чувство за националните интереси на Македонија“, појасни Николоски.
Фото: принтскрин