logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

Не може СУДИИ ДА ОЦЕНУВА Павлина Црвенковска екс функционер на СДСМ

Vecer | 04.05.2021

Не може СУДИИ ДА ОЦЕНУВА Павлина Црвенковска екс функционер на СДСМ

Црвенковска покрај тоа што е поврзана со Еуростандард исто како Заеви, таа била и функционер на СДСМ долги години, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение до јавноста.

- Сопругот на Црвенковска земал кредит во висина од 1.7 милиони евра, со покритие од само 400.000 евра, објавија оштетените штедачи од Еуростандард банка. Тој исто како и Заеви и нивните партнери не го вратил кредитот, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Павлина Црвенковска треба да си поднесе оставка, таа нема кредибилитет да оценува судии.

Нејзиниот интегритет е нарушен.  Црвенковска нема ниту еден ден судиски стаж, а треба да оценува судии. Каде плови овој брод?! Црвенковска да си поднесе оставка. Никој нема да верува во нејзината непристрасност, и ќе ја девалвира институцијата во целост, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk