logo
logo
logo

Не избрзувајте со проверка на антитела - две дози Синофарм се доволни и нема потреба од трета!

Vecer | 25.05.2021

Не избрзувајте со проверка на антитела - две дози Синофарм се доволни и нема потреба од трета!

Националниот координатор за имунизација. Александра Грозданова, за Сител, советува вакцинираните со Синофарм да не брзаат со проверка за присуство на антитела.

Според неа, оваа вакцина се користи во повеќе земји во светот и е одобрена од СЗО. Ефикасноста е меѓу 75-80 проценти и иако овој процент е помал во однос на другите вакцини извонредно битно е да се нагласи дека оваа вакцина подеднакво успешно ги спречува компликациите и тешките облици на Ковид-19.

Таа потврдува дека засега нема препорака за трета доза од Синофарм, но тоа не значи дека ситуацијата нема да се промени понатаму. Таа нагласува и дека нема ниту препорака за мешање на различни вакцини, иако не би требало да постојат проблеми околу тоа.

Засега само производителот Фајзер има идеја за трета доза од нивната вакцина, за засилување на имунолошкиот одговор на организмот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk