logo
logo
logo

НЕ БИЛЕ СТРАНЦИ: Косовските и албанските граѓани ќе се лекуваат по исти цени како и македонските државјани

Vecer | 08.06.2023

НЕ БИЛЕ СТРАНЦИ: Косовските и албанските граѓани ќе се лекуваат по исти цени како и македонските државјани

Министерството за здравство донесе одлука за нивелизација на цените на здравствените услуги во РМ, како за државјаните на земјата така и за граѓаните од Косово и Албанија.

Според министерот за здравство, Фатмир Меџити, тука нема да застане туку ќе побара билатерална соработка и со Србија и Грција, објави ТВ 21.

- Косовските граѓани плаќаа двојни цени и тоа само во јавното здравство, а не во приватното. Дадовме наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата, бидејќи всушност не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби. Презедов мерки и за граѓаните од Албанија кои доаѓаат и ги посетуваат болниците во Охридскиот регион, изјавил Меџити.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk