Научниците откриваат: Која е веројатноста да доживеете 70 години во Македонија?

Научниците анализирале низа смртни случаи како рак, срцеви болести, белодробни заболувања и дијабетес во 180 земји со цел да ја пресметаат веројатноста граѓаните да починат пред да наполнат 70 години.

Што се однесува до земјите во која е најголема веројатноста дека мажот ќе почине пред 70-тата година, прва на листата е Монголија со 38,8 отсто, а потоа следуваат Фиџи (36,8), Казахстан (36,8), Туркменистан (36,7), Русија (36,5), Белорусија (35,2), Украина (35,1), Грузија (34,9) Кирибати (34,4) и Северна Кореја (34,4).

На "црната" листа на жени на првото место е Сиера Леонe (32,6), следуваат Брегот на слоновата коска (30,1), Гвајана (28,8), Јемен (28,2), Авганистан (27,7), Папуа Нова Гвинеја (26,6), Мали (26,2), Лесото (25,2), Хаити (25) и Лаос (24,9).

На листата на држави во која е најмала веројатноста дека мажот ќе почине пред 70 години се Исланд со 9,9 отсто, Швајцарија (10,6), Шведска (10,7), Норвешка (10,7), Бахреин (10,9), Јужна Кореја (10,9), Австралија (11), Јапонија (11,2), Канада (11,5) и Нов Зеланд (11,6).

Што се однесува до жените, на "белата" листа води Јужна Кореја со 4,7 отсто, а следуваат Јапонија (5,7), Шпанија (6,4), Швајцарија (6,6), Сингапур (6,9), Португалија (7), Италија, Австралија, Финска и Франција (7,2).

Што се однесува до Македонија, процентот на жени кои не доживуваат 70 години е 15,4 отсто, додека кај мажите тој процент е повисок и изнесува 25,3 отсто.

Поврзани

Најнови вести

Коментари