Ние како членка на НАТО се координираме и се информираме, никогаш не сме имале насока дека не смееме да обезбедиме од руската вакцина или кинеската вакцина, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во Студио 10 на ТВ24.

Брзината за набавка на вакцини не е толку важна колку одржливоста на процесот, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи, кој и самиот лекар и беше министер за здравство, објаснува дека притисокот на јавноста некогаш тера да се направат чекори во кои ќе се прескокнат некои фази, но во медицината е многу важно да се поминат сите фази на проверка, да се добијат сите лиценци, зошто последиците можат да се фатални.

Институциите мора да внимаваат сериозно. Сум бил министер за здравство, јавноста бара реакција веднаш, а вие мора да ги чекате сите лиценци. Ако ние сме дел од екипата, мора да ги разбираме тешкотиите во процесот. ЕУ не внимаваше доволно. Дека во целиот период регионот беше вклучен во механизмите кои предвидуваат грижа не е спорно. Ние како Влада сме претплатени на Ковакс.